Скопје ќе ја одбележи Европската недела на мобилноста 2016

Од:

Град Скопје и годинава со повеќе активности ќе ја одбележи Европската недела на мобилноста 2016. Од 16 до 22 септември, Град Скопје ќе организира разновидна програма наменета за сите граѓани, од најмладите до највозрасните, како и за јавниот и приватниот сектор.

Годинава тема на Европската недела на мобилност е „Паметна и одржлива мобилност – влог за Европа“. Град Скопје ја реализира Европската недела на мобилност 2016 во соработка со невладината организација ОРТ, со Делегацијата на Европската унија во нашата држава, Министерството за животна средина и просторно планирање и УНДП.

Во овие седум дена Град Скопје ќе претстави многубројни активности и проекти што се поврзани со одржливата мобилност и ќе испрати порака за користење на алтернативните видови транспорт.

Граѓаните ќе имаат можност да се едуцираат, да спортуваат, да се натпреваруваат, да разменуваат позитивни искуства и да учествуваат на трибини и форуми посветени на одржливиот транспортен систем. Традиционално, Европската недела на мобилноста 2016 ќе заврши на 22 Септември, на Денот без автомобили, со големо велосипедско дефиле што ќе се вози на градските улици.

– Манифестацијата има за цел да ги поттикне локалните политичари и јавноста, паметната и одржлива мобилност да ја препознаат како инвестиција за Европа, информира Град Скопје.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот