Скопје ќе ја чествува 50-годишнината од 26 јули

Од:

По повод одбележувањето на 50-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, Градот Скопје во координација со Универзалната сала во Скопје, како носител на проектот и други институции ќе организираат неколку месечни активности под мотото „Скопје се сеќава”, што имаат за цел да потсетат на немилиот настан, но и настан со кој, за жал, Скопје во тоа време стана центар на светот.

Со овој проект Скопје во 2013 повторно треба да стане „центар” на светот, град кој ќе биде перцепиран како: модерен, отворен, космополитски, хуман и непосреден.

– Скопје мина голем пат од моментот кога стрелките на часовникот на Музејот на град Скопје (тогаш Старата железничка станица), застанаа на 5.17 часот. Низ годините, Скопје се менуваше, но силата и визијата на скопјани, остануваше. Денес тоа е вистинска метропола, град кој црпи сила и енергија од неговите граѓани, град збратимен со 18 градови, а соработува и има пријателски однос со повеќе од 50 градови низ Светот. На одбележувањето на половина век од катастрофалниот земјотрес во Скопје, нам ни останува да продолжиме да го градиме Скопје, со единствена цел-подобар живот за неговите граѓани, но и да не заборавиме дека во ова Скопје, пред се, се гради соживотот, мултикултурноста, меѓусебното разбирање и религиската хармонија – истакна градоначалникот на Град скопје, градоначалникот Коце Трајановски.

Во соработка со МНР, здруженијата на Македонците во одредени земји и збратимените градови, ќе се изрази благодарност до сите оние хумани земји и граѓани што помогнаа по земјотресот, кога 80 проценти од градот беше уништен или оштетен, урнатините затрупаа 1.000 жртви, а 100.000 луѓе останаа без дом. Активностите ќе почнат веќе идниот месец, додека поинтензивни активности се планираат во деновите пред 26 Јули, со еден централен мултимедијален настан на самиот ден.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак