Скопје ќе испрати хуманитарна помош за Загреб

Од:

Градот Скопје како град на солидарноста и како збратимен град со Загреб ќе испрати хуманитарна помош по големите земјотреси коишто деновиве го погодија главниот град на Хрватска и предизвикаа голема материјална штета.

– Одлуката за хуманитарна помош, која е во износ од 50 илјади евра, ја потпиша градоначалникот Шилегов. Градоначалникот Шилегов телефонски разговараше со својот загребски колега Бандиќ и, со оглед на околностите, затворените граници и вонредната состојба насекаде во светот, договорија помошта која вообичаено се состои од материјали и луѓе за помош при катастрофи, овојпат да биде симболична финансиска сума, велат од Град Скопје.

Во понеделникот во утринските часови Загреб беше погоден од серија на земјотреси, во кои има починати и повредени лица, а предизвикана е и поголема материјална штета во која се евидентирани над 5.500 оштетени објекти.

Скопје и Загреб се збратимени градови од 2011 година и досега имаа соработка во областа на образованието, спортот, сообраќајот и културата.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан