Скопје ќе добие вртелешка од 160.000 евра

Од:

Од јануари, Скопје ќе добие вртелешка која ќе биде поставена пред зградата на МЕПСО на плоштадот Македонија, а ќе чини 160.000 евра, пишува дневниот весник Вест.

Според информациите на весникот, фирмата Технометал Вардар со која ЈП Паркови и Зеленило склучиле договор, вртелешката треба да ја донесе од Италија, а дотогаш треба да биде направена платформата на која таа ќе стои.

„Платформата и покривот ќе бидат со дијаметар од 9 метри, бидејќи каруселот е со дијаметар од 7 метри. Цената на картата сеуште не е одредена, тоа ќе го договориме откако каруселот ќе пристигне во земјава“ – велат од Паркови и Зеленило за Вест.

Весникот пишува дека вртелешката ќе има декоративен венец, дрвена ротирачка платформа и најмалку 32 седишта, а фигурите ќе бидат пони коњчиња, кочии и ротирачки чаши. Вредноста на проектот ќе изнесува 160.000 евра а ќе се финансира од буџетот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан