Скопје ќе добие трамвај од 243 милиони евра

Од:

Порталот за економија и финансии ФАКТОР.МК објави дека на почетокот на следната година ќе се распише тендерот за изградба на трамвајска траса во Скопје. Градските советници за ова ќе расправаат на седницата закажана за следната недела.

Планирано е трамвајот да се гради со договор за воспоставување на јавно приватно партнерство, со концесија на 35 години, а пред истекот на рокот, приватниот партнер ќе мора да го предаде трамвајскиот систем во владение на Град Скопје.

Концесионерот е задолжен за проектирање на трамвајската инфраструктура за линијата, која ќе биде долга 24 км, потоа за изградба на трамвајски станици, депоа и набавка на најмалку 22 трамвајски возила, да врши превоз на патници и да ја одржува трамвајската линија.

Според порталот, вредноста на договорот за изградба на трамвајскиот систем се проценува на 243 милиони Евра. По објавувањето на тендерот, во рок од една година треба да се избере најповолниот понудувач кој ќе биде задолжен за изградба и стопанисување со трамвајскиот превоз.

Досега интерес покажале неколку странски фирми од Франција, Хрватска, Полска Чешка и Германија. Трамвајот ќе го поврзува источниот и западниот дел на градот, односно од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, минувајќи низ центарот – со вкупна должина од околу 24 км во двете насоки.

Во финансирањето на трамвајскиот систем во следните 35 години освен Градот, со 50 проценти ќе учествува и Владата.

Во првите 4 години ќе се одвојат по 16 милиони евра, 3,4 милиони евра годишно од четвртата до деветата година, 1,3 милиони евра годишно од деветата до триесет и петтата година. Се уште не е одлучено со колкав процент во финансирањето ќе учествува приватниот партнер, пишува ФАКТОР.МК.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош