Скопје ќе добие нови јавни тоалети

Од:

Град Скопје планира да постави нови поквалитетни јавни тоалети во центарот на градот, најави скопскиот градоначалник Коце Трајановски при посета на градежните активности на булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“.

– Град Скопје бара нов тип на тоалети кои имаат подобар изглед и кои ќе можат да бидат ставени во центарот на градот, бидејќи сегашните тоалети, „Тоифор“ немаат добар изглед за прометните места, како плоштадите, изјави градоначалникот Трајановски.

Тој посочи дека постапката за избор на новите тоалети ќе трае до Нова година и се надева дека Градот ќе добие нови тоалети на почетокот на следната година.

– Тоалетите најверојатно ќе бидат поставени на плоштадите „Македонија“ и „Филип Втори“, кејот на Вардар и на други места во централното подрачје, но тоа дополнително ќе го кажат службите, рече Трајановски.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски