Во 15 часот, загадувањето во Скопје со ПМ10-честички изнесува 372 микрограми на еден кубен метар, што е речиси седумпати повеќе од дозвелените 50 микрограми.
Голема концентрација со овие честички има во скопските општини Центар, Капош, Лисиче и Гази Баба. Речиси во сите општини концентрацијата на ПМ10-честички изнесува повеќе од 400 микрограми на еден кубен метар.
Многу високо загадување има во Кичево и во Тетово, а над дозволеното ниво на ПМ10-честички има и во Велес, Кочани и во Кавадарци.
Во Центар и во Карпош е забележано и високо ниво на ПМ2,5-честичките.
Во случај на надминување на прагот од 50 микрограми на еден кубен метар на ПМ10-честички во пет последователни дена, Министереството за животна средина и просторно планирање издава предупредување да се користи јавниот превоз, возилата да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, за затоплување на простории да не се користи каков било синтетички материјал и правилно да се користат печките на дрва.
Вообичаено, концетрацијата на ПМ10-честички постигнува максимално ниво во вечерните часови, од 22 часот до 1 часот по полноќ.
Мета