Скопје ја повлече согласноста за почесен руски конзул во Битола

Од:

Северна Македонија официјално ја извести Русија дека ја повлекува согласноста за формирање Канцеларија на почесниот конзул на Русија во градот Битола, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи и најави одговор на тој чекор, пренесува РТВ.

Според заменик портпаролот на Министерството, Иван Нечајев, властите на Северна Македонија не ги навеле причините за тој чекор, го пренесува Танјуг извештајот на агенцијата Тасс.

„Нема сомнеж дека ова е уште една политички мотивирана одлука“, рече Нечајев.

Според него, овој „антируски чекор ќе го зголеми јазот во односите меѓу двете земји“, кој започна, како што рече, со однесувањето на Скопје, кое покажува слепа лојалност кон западните сојузници, нивната политика на санкции и силен притисок врз Русија.

„За жал, поради својата антируска политика, Скопје ја жртвува институцијата почесни конзули кои помагаат да се развијат контакти меѓу луѓето, нудат помош за луѓето и бизнисите. Се чини дека Северна Македонија не се грижи многу за сопствените интереси и се обидува да предизвика наш одговор, кој неизбежно ќе следи“, рече портпаролот.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија