Скопје финалист за наградата Европска недела на мобилност

Од:

Скопје заедно со португалскиот Лисабон и Малме од Шведска се градови финалисти во конкуренција за наградата Европска недела на мобилност 2016 година што ја доделува Европската комисија.

Како што соопштија од Европската комисија, според одлуката на жирито, Скопје е посочен како еден од можните носители на наградата поради активностите за намалување на бројот на автомобили во градскиот сообраќај и заштита на животната средина.

Лисабон е избран поради добрите резултати за пренамена на јавниот простор за пешаци, а Малме поради фокусот на користењето на велосипеди како одржливо средство за транспорт.

Во потесниот избор за наградата биле и градовите Бијалисток (Полска), Крушевац (Србија), Палма и Валенсија (Шпанија), Прага (Чешка република), Самос (Грција) и Софија (Бугарија).

Целта на нагрдата за Европска недела на мобилност е да претстави локални власти кои покажуваат значителни напори во промоцијата на одржливата урбана мобилност. Петнаесеттото издание на Европската недела на мобилност се одржа од 16 до 22 септември 2016 година и во неа земаа учество 2.427 градови и градчиња што претставува досега најголеми организирани активности согласно темата на кампањата „Паметна и одржлива мобилност-инвестиција во Европа“ и мотото „Паметна мобилност, силна економија“.

Изборот на десетте кандидати и од нив селектираните три финалисти е извршен од страна на независен панел за мобилност и експерти за транспорт од вкупно 63 пристигнати апликации од 23 држави.

Европската комисија денеска ги соопшти и финалистите за наградата „Одржливо планирање на урбаната мобилност“ која се доделува по петти пат.

Добитниците на наградите за Европска недела на мобилност 2016 година и Одржливо планирање на урбаната мобилност ќе бидат објавени од еврокомесарот за транспорт Виолета Балк и од Даниел Калеа, генерален директор во Директоратот за животна средина на церемонијата што ќе се одржи во Брисел на 20 март оваа година.

Би можело да ве интересира

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски