Скопје домаќин на неформалниот министерски состанок на земјите од ПСЈИЕ

Од:

Во рамки на македонското претседавање со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), денеска во Скопје ќе се одржи неформален министерски состанок на земјите учеснички во Процесот.

Како што соопшти МНР, во функција на претседавач со Процесот за соработка во ЈИЕ, состанокот ќе го води министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, а покрај учеството на министри и високи претставници на земјите учеснички на ПСЈИЕ ќе присуствува и генералниот секретар на Советот за регионална соработка како и претставници на Европската унија.

На средбата ќе бидат разменети мислења за актуелните политички состојби во регионот на ЈИЕ, унапредувањето на добрососедските односи, можностите за продлабочување на регионалната соработка и перспективите за европската и евро-атланската интеграција на земјите од регионот.

Предвидено е министерот Попоски да ги запознае учесниците со досега реализираните приоритети и активности за време на македонското претседавање со Процесот, со посебен акцент на подготовките околу завршниот Самит посветен на намалување на ризици од катастрофи и адаптација на климатските промени.

Би можело да ве интересира

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

Македонската амбасадорка во Софија повикана во бугарското МНР поради изјавите на вицепремиерот Николоски

МНР: Коридорот 8 е од стратешко значење, но важна е и подготвеност за соработка на Бугарија

МНР: За членовите на ДКСК ќе се одлучи дали да добијат дипломатски или службени пасоши