Скопје домаќин на неформалниот министерски состанок на земјите од ПСЈИЕ

Од:

Во рамки на македонското претседавање со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), утре во Скопје ќе се одржи неформален министерски состанок на земјите учеснички во Процесот.

Како што соопшти МНР, во функција на претседавач со Процесот за соработка во ЈИЕ, состанокот ќе го води министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, а покрај учеството на министри и високи претставници на земјите учеснички на ПСЈИЕ ќе присуствува и генералниот секретар на Советот за регионална соработка како и претставници на Европската унија.

На средбата ќе бидат разменети мислења за актуелните политички состојби во регионот на ЈИЕ, унапредувањето на добрососедските односи, можностите за продлабочување на регионалната соработка и перспективите за европската и евро-атланската интеграција на земјите од регионот.

Предвидено е министерот Попоски да ги запознае учесниците со досега реализираните приоритети и активности за време на македонското претседавање со Процесот, со посебен акцент на подготовките околу завршниот Самит посветен на намалување на ризици од катастрофи и адаптација на климатските промени.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани