А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Скопје добива Aква парк

by А1он21/07/2013 - 10:45108
Share0

Граѓаните на Скопје од денеска ќе можат да се разладуваат, забавуваат и рекреираат во првиот aква парк во главниот град. Официјалното отворање на водениот парк, кој е во состав на СЦ „Борис Трајковски“, е во 13:30 часот.

Добивај вести на вибер

Во изминативе денови се вршеше тестирање на опремата со која располага Аква паркот, лоциран на северната страна на спортскиот центар, веднаш зад хотелот „Александар Палас“.

Станува збор за проект вреден 4,2 милиони евра.

На површина од 12.000 метри квадратни се изградени 10 тобогани, базен за деца, базен со бранови, мрзлива река, административна зграда со ресторан, три кафе-барови, санитарни јазли, соблекувални и прва помош. Под објектот има стандардизирани машински сали и современ систем за филтрација на водата.

Во новата летна атракција во Скопје ќе работат 35 спасители. Аква паркот ќе овозможи и 40 нови работни места, за лица кои ќе бидат ангажирани во угостителските објекти, три кафе-барови и еден ресторан. Ќе има редарска служба и просторија за давање итна медицинска помош.

skopje

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Горан Наумовски19/02/2026 - 11:09

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски19/02/2026 - 07:1019/02/2026 - 07:11

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 13:29

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

Горан Наумовски23/01/2026 - 13:38

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски19/01/2026 - 12:4819/01/2026 - 12:57

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен