Скопје доби водич за туристи

Од:

Првиот водич за пешачки рути низ Скопје е објавен ова лето од холанѓанките Сане ван ден Хеувел и Линда Порт. Овој водич на англиски јазик нуди две прошетки низ градот, едната низ старата чаршија а другата низ центарот на градот. Skopje City Walk содржи и мапа на која се забележани двете рути како и многу други корисни информации.

Според авторките на водичот, Скопје е град кој заслужува да има ваков туристички водич, како и повеќето европски градови.

-Во Холандија скоро секој град има своја пешачка рута. Со таква брошура можеш на евтин и лесен начин сам да откриеш еден град. Во Скопје тоа до сега го немаше. За нас кои живееме во Скопје тоа и не е проблем, но за туристите е многу потребно и корисно. Особено затоа што градот нуди толку многу новости во рамките на проектот Скопје 2014. Затоа ја започнавме оваа иницијатива – велат тие.

Skopje City Walk чини 200 денари и може да се купи во Музејот на македонската револуционерна борба и во книжарницата Култура. Наскоро бројот на продажни места ќе се зголеми, а заинтересираните ќе можат да ја погледнат и дигиталната верзија на англиски и холандски јазик. Доколку постои интерес, водичот ќе биде преведен и издаден и на други јазици.

Би можело да ве интересира

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Пожар во центарот на Скопје, седум лица побарале медицинска помош

Земјотрес во Косово, почувствуван во Скопје

„Водовод“: Можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје

48-годишен маж пронајден мртов во стан во Скопје

Пет пожари се активни на територијата на Град Скопје