Полициски службеници ја привеле А.К.(55) од Скопје, поради основано сомнение дека на 11.1.2023 од мобилен телефон се јавила телефонски во Управата за финансиско разузнавање во Скопје и лажно пријавила дека се поставени експлозивни направи во училишта во Скопје.
Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности и утврдено е дека пријавата е лажна, а А.К. (лице со здравствени проблеми) е пронајдена и приведена.
Известен е Јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.