Скопјанка се тепала во казино, нападнала и полицајци

Од:

41-годишна скопјанка е приведна рано утрово откако направила неред во казино, се физички се пресметувала со други гости, го оштетила инвентарот, а била агресивна со полицајците кои биле повикани.

– Денеска (18.08.2024) во 06.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја привеле Ј.В.(41) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во казино го нарушила јавниот ред и мир со физичка пресметка со Д.Т.(39) и И.М.(39), оштетила дел од инвентарот во казиното и агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираше Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар