Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог за кривично дело – Фалсификување исправа против 38-годишна скопјанка.
Таа на 3 август годинава се обидела да оствари излез од државава на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, презентирајќи лажни потврди за негативни тестови на SARS-CoV-2 вирусот за себе и за своите три деца.
Иако знаела дека не се тестирале во наведената лабораторија, таа лажните медицински сертификати ги употребила како вистински, прикажувајќи ги пред аеродромските служби.