Скопјанка настрада откако во неа удри автомобил

Од:

81-годишна жена од Скопје настрада вчера вечер откако во неа удри патничко возило, информира Министерството за внатрешни работи.

– На 11.12.2021 околу 19,45 часот во Скопје на крстосница од ул.Јустинијан Први со ул.Корџевска патничко моторно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(42) од Скопје, удрило во пешак С.Б.(81) од Скопје. С.Б. е пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и е укажана лекарска помош, но во 23.00 часот починала како последица од повредите, соопшти МВР.

По наредба на јавен обвинител телото на починатата ќе биде предадено за обдукција. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Со ловечка пушка се заканувал во адвокатска канцеларија во Кичево

Велешанка ги оставила петте малолетни деца и заминала за Скопје

10-годишно девојче повредено од заталкан куршум во Глумово

Малолетник направил хаос, со автомобил удрил пешак кој се бори за живот

Тепачка за паркинг на гробиштата во Ѓорче Петров

Катерина Ѓуровски

Еден загинат, двајца тешко повредени во три сообраќајни несреќи

Катерина Ѓуровски