МВР информира дека вчера претпладне во 11:30 часот во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, полициски службеници ја лишија од слобода Џ.Ф.(65) од Скопје.
Според полициските информации, околу 10:00 часот, при преглед на пакетот, кој таа го донела на нејзиниот син, кој е на издржување казна затвор во установата, е пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
