Скопјани, тетовци и кумановци први ќе го искусат проектот „Безбеден град“

Од:

Во Град Скопје, во општините Тетово и Куманово, како и долж коридорите „8“ и „10“ од 1 јануари 2026 ќе биде имплементиран проектот Безбеден град, безбедна држава“. Се очекува до средината на наредната година да биде покриена целата територија на државава.

Ова денеска го соопшти Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Охрид на средбата со неговиот словенечки колега Боштјан Поклукар.

Информираше дека измените во законот за безбедност во сообраќајот и патиштата во кои се имплементирани одредбите за Безбеден град“ вчера во Собранието го поминаа првото читање пред матичната комисија.

Тошкоски порача дека со овој закон не се предвидува казнување на граѓаните со цел да се полни буџетот туку дека целта е да се спасат човечки животи.

-Целта на овој систем не е да бидат казнувани македонските граѓаните, целта на овој систем не е да се полни буџетот на Република Македонија, целта на овој систем е да се спаси барем еден човечки живот. Бројките се страшни. Во 2024 година имаме 142 жртви како последица на не почитување на сообраќајни правила и сообраќајни незгоди кои се случиле. Сигурен сум дека бројките ќе се намалуваат со ставање на системот во функција, нагласи Тошковски.

Министерот порача дека контролите ќе продолжат и дека ќе ги заострат казните особено во рамките на Кривичниот законик, па освен парична казна ќе се изрекува и казна затвор и трајно одземање на возилата со кои се сторени кривичните дела.

Би можело да ве интересира

Во февруари 19.066 сообраќајни прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ – од нив 18.172 за брзо возење

А1он

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Кривична пријава за десетмина поврзани со запленетите 40 тони марихуана

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Костадиновски: „Сејф сити“ го смени однесувањето на граѓаните

(ВИДЕО) Мицкоски и Тошковски за заплената на марихуана: Никој не е над законот

А1он