Скопјани смрзнуваат, радијаторите се уште студени

Од:

Ниските температури во утринските и вечерните часови заедно со правилникот за парно затополување и оваа година ги оставија скопјани да се смрзнуваат покрај студените радијатори. Грејната сезона официјално почнува на средината од месецот, а според правилниците за затоплување, потребно е минимум три дена тепературата да е под 12 степени, за компанијата „Балкан енерџи груп“, која стопанисува со топлинската енергија, да го вклучи парното, пренесува Телма.

Но, скопјани не се согаслуваат со ваквиот начин на работа и велат дека секоја година зимата и студентото време почнуваат се порано, а тие мора да плаќаат за дополнителни грејни тела иако секој месец ги подмируваат сметките за парно.

И градоначалникот на Град Скопје вели дека е запознаен со проблемот и во наредниот период ќе иницираат враќање на ингеренциите на градот со кои ќе може да бараат порано вклучување на парното затоплување.

– Во Советот за ова е разговарано повеќе пати и продолжуваме со преговори на оваа тема и секако тоа може да се иницира

затоа тоа ни останува да го разговараме во следните денови, рече градоначалникот Коце Трајановски.

Од „Балкан енерџи груп“ пак кои од оваа година ја превземаа работата со парното затоплување од „Топлификација“, денеска не беа достапни да кажат дали може да се очекува порано вклучување на радијаторите како што бараат и граѓаните.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Грејната сезона завршува, доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија

ЕСМ: Греењето во Скопје е исто за сите потрошувачи

Скопјани од ноември ќе плаќаат за 4,51 отсто поскапо парно

Орце Костов

Парното поскапува, Регулаторна денеска ќе објави колку

Од ноември ќе важи нова одлука за цената на парното во Скопје

Орце Костов