Скопјани можат онлајн да аплицираат за субвенции за чистење на оџаци

Од:

Град Скопје го објави јавниот повик за доделување субвенции на домаќинствата и на други субјекти за чистење оџаци, како една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот. Новитет на овој повик е можноста граѓаните да аплицираат онлајн.

Со оваа мерка Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во нето износ најмногу до 1.200 денари, а за субвенции можат да достават барање физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје.

Субвенциите важат и за исчистени оџаци од 01.01.2021 година, a Јавниот повик трае заклучно со 30.11.2021 година, и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“, односно до исцрпување на средствата во износ од милион денари предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2021 година.

Повеќе информации за јавниот повик можете да добиете на следната интернет врска.

Целта на овој проект што Град Скопје континурано го реализира е намалување на загаденоста на амбиенталниот воздух во градот, особено со партикуларните честички (ПМ10 и ПМ2,5). Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на објектите кои не се приклучени на централно греење, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, несоодветниот квалитет на дрвото и начинот на негово чување, употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовно чистење и одржување на оџаците.

Познато е дека запуштените и неисчистени оџаци се голема опасност. Не само што загадувањето и емисијата на ПМ 10 честички е голема, туку се загрозува и безбедноста на корисниците ако не се спроведува редовно чистењето. Се препорачува оџаците да се чистат 3 пати годишно, двапати во текот на грејната сезона и еднаш кога е таа завршена.

За потсетување, Град Скопје оваа мерка ја реализираше и во 2018, 2019 и 2020 година, кога беа доделени околу 1000 субвенции.

Би можело да ве интересира

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“