Скопјани ќе можат да ги плаќаат сметките за вода преку мобилна апликација

Од:

Следејќи ги трендовите на дигитализација, ЈП Водовод и канализација – Скопје, овозможува пристап до сите информации за претпријатието преку својата веб страна www.vodovod-skopje.com.mk пристап до електронските сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk и преку мобилната апликација достапна за Android и IOS.

ЈП Водовод и канализација – Скопје е прво јавно претпријатие кое им овозможува на своите корисници пристап до своите услуги преку мобилна апликација. Преку примена на мобилната апликација, корисниците покрај можноста за плаќање на сметките, пријавување на состојба на водомерите и дефекти, имаат можност на брз, лесен и едноставен начин со следење на упатствата, во секој момент да направат преглед на корисничките броеви, да додадат корисник или доколку имаат промени да ги ажурираат своите податоци.

За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, заинтересираните граѓани може да се обратат на:

– 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар; 02 3240 300, Дирекција; [email protected]; www.vodovod-skopje.com.mk; www.facebook.com/jpvodovod.skopje.

„Шалтерите за наплата, во согласност со новите промени за движење, работат секој работен ден од 7:30 до 17 часот и сабота од 8 до 13 часот. За таа цел и со цел да се заштитиме и превенираме во ширењето на коронавирусот, задолжително носете маска, држете растојание, не се групирајте и следете ги сите препораки издадени од Министерството за здравство“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Се реконструира водоводната мрежа во дел од Автокоманда

А1он

(ВИДЕО) Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја вработил кумата во Водовод, обвинуваат од СДСМ

А1он

Скопски „Водовод“ бара зголемување на цената на вода за 30 денари, РКЕ предлага седум денари, конечната одлука ја носи Советот на општината

Ана Ололовска

Нека штрајкуваат колку сакаат, со нив не седнувам на маса – Арсовска нема да преговара со Синдикатот

А1он

СДСМ: Незаконски се отпушта претседател на синдикална организација во „Водовод и канализација“

ССМ: Директорот на Водовод продолжува со своето шерифско однесување, незаконски му даде отказ на претседателот на Син­дикатот

Ана Ололовска