Скопјани им најдоа „чаре“ и на блокаторите – го менуваат тркалото

Од:

Јавното претпријатие „Градски паркинг – Скопје“ ги информира граѓаните дека во првите седум месеци од 2014 година несовесни граѓани украле 12 блокатори поставени на тркалата на непрописно паркираните возила. Од 2010 година, кога е воведена оваа санкција за непрописно паркирање, до месец јули 2014 година украдени се вкупно 121 блокатор на тркало на ЈП „Градски паркинг“.

Имено, при користење паркинг-услуга на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг – Скопје“ секој корисник е должен да ја подмири услугата паркирање преку испраќање СМС порака или со греб картичка. Доколку не се изврши навремено плаќање за паркирањето, службите на јавното претпријатие спроведуваат санкција – се поставува блокатор на тркалото на возилото за чие отстранување е потребно да се изврши наплата на казната за непрописно и несовесно паркирање.

Од досегашното петгодишно искуство на ЈП „Градски паркинг – Скопје“ е утврдено дека некои граѓани сакајќи да ја избегнат казната го заменуваат тркалото на кое што е поставен блокаторот со друго и го напуштаат паркиралиштето.

Откако службите на ЈП „Градски паркинг – Скопје“ ќе утврдат дека блокаторот е украден/одземен, случајот во рок од 8 часа се пријавува во полиција која потоа трага по сторителите, а се спроведува и соодветна постапка за наплата на казната и нанесената штета. Во одредени ситуации се спроведува и судска постапка.

ЈП „Градски паркинг- Скопје“ апелира до граѓаните да ја чуваат и да не ја оштетуваат опремата на јавното претпријатие и да ги почитуваат правилата за паркирање на зонските паркиралишта.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан