Скопјани да внимаваат каков отпад фрлаат во пластичните контејнери

Од:

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје информира дека во последниот период има појава на опожарување на новите пластични контејнери од страна на граѓаните, кои во нив исфрлаат запалени предмети и материи, како што е недоизгасната жар од скара, отпушоци од цигари и слично и бара од граѓаните да внимаваат каков отпад положуваат.

– Би сакале да апелираме повеќе да не се исфрлаат вжарени и недоизгаснати предмети и материи и во никој случај намерно да не се опожаруваат контејнерите, бидејќи во спротивно ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ќе поднесе пријава до полицијата и соодветните инспекциски служби и ќе бидат преземени строги санкции за сторителите. Истовремено, ги охрабруваме граѓаните коишто ќе забележат ваква појава, истото да го пријават на дежурниот телефон на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје: 3216 644, велат од јавното претпријатие.

На овој начин, додаваат, се прави огромна штета за Претпријатието, но пред сѐ за граѓаните, од чиишто средства се набавуваат садовите за отпад.

Со намера да ја подобри хигиената во градот Скопје, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во текот на изминатата година започна етапно да ги менува старите дотраени метални контејнери со нови пластични контејнери со зафатнина од 1,1 кубни метри.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски