Скопјанец заработи кривична пријава, продавал билети за измислен концерт

Од:

Секторот за компјутерски криминал при МВР денеска до Основното јавно обвинителство Скопје поднел кривична пријава против А.Х. (25) од Скопје за сторено кривично дело „компјутерска измама“.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, билетите со кои довел граѓани во заблуда, А.Х. ги продавал во периодот од 4 април до 13 јуни 2025.

-Како одговорно лице на компанија која организира музички настани, преку веб-страница за продавање билети овозможил електронско купување на билети за концерт кој воопшто не бил предвиден да се одржи, односно не бил склучен никаков договор за негово одржување, со што ги довел лицата во заблуда да купат билети за концертот и притоа не ги рефундирал парите, наведува МВР.

Министерството посочува дека Секторот за компјутерски криминал „во рамки на утврдениот делокруг на надлежности“, ќе продолжи активно да спроведува мониторинг на содржините на социјалните мрежи и целокупниот интернет простор, „со цел превенција од повикување на насилство, загрозување на сигурноста, ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, злоупотреба на лични податоци и говор на омраза со елементи од кривични дела за кои се постапува по службена должност“.

Би можело да ве интересира

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

Лажен лекар измами жена за 3.000 евра

Интернет измама со ликот на вицепремиерот Мали: Не наседнувајте на страници што ветуваат лесна заработка!

А1он

Српското МВР предупредува на нова лесно уверлива измама на WhatsApp

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски