Скопјанец со лажни пари платил за сервис, му се заканувал на мајсторот и оштетил неколку возила

Од:

МВР извести дека вчера во 19.40 часот на улицата „Перо Наков“ во Скопје, полициски службеници го уапсиле Б.И.(31) од село Сингелиќ, скопско.

Тој се сомничи дека во периодот од 7.7.2023 до пријавувањето на 27.7.2023, во повеќе наврати упатувал закани кон Г.Д.(28) од Скопје. Според пријавеното, Б.И. на 7.7.2023 го однел своето возило на поправка во авто сервисот на Г.Д.(28) од Скопје, а откако Г.Д. му кажал дека парите што му ги дал за купување резервни делови биле фалсификувани, тој во неколку наврати преку смс пораки му упатил закани дека ако не му го поправи возилото ќе треба да му даде 5.000 евра.

Исто така, според пријавеното, на 26.7.2023, Б.И. со тврд предмет се заканил на друг вработен во сервисот и оштетил неколку возила оставени за сервисирање. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

36-годишен маж од Скопје „делел“ закани кон сопственик и вработени во продавница

Горан Наумовски

Маж од Тетово им се заканувал на малолетната ќерка и на поранешната сопруга

Приведен кавадарчанец, му се заканувал на Митко Јанчев и на неговoто семејство

Катерина Ѓуровски

Се заканувал со пиштол кон жители на Дебар, меѓу нив и малолетници

Маж од Гостивар и се заканувал на сопругата со моторна пила дека ќе ја повреди

Горан Наумовски

Прилепчанец ја уценувал поранешната партнерка, од неа зел над 500.000 денари