Скопјанец се скарал со родителите, се обидел да ја запали семејната куќа

Од:

Триесет и двегодишен скопјанец утрово е приведен бидејќи со запаливо средство опожарил мотоцикл сопственост на неговата мајка.

– Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје утрово во 5:00 часот го лишиле од слобода А.М. (32) од Скопје, бидејќи се сомничи дека околу 3:30 часот, по претходна расправија со неговиот 55 – годишен татко, во дворот од семејната куќа со запаливо средство опожарил мотоцикл сопственост на неговата мајка, соопшти МВР.

Според пријавеното, тој се обидел со запаливо средство да предизвика пожар и на куќата, но бил спречен од соседите. А.М. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар