Исчезнат скопјанец пронајден починат на Црн Врв

Од:

45-годишен скопјанец е пронајден мртов на Црн Врв на местото викано „Празна торба“.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека починатиот У.Ф. е пронајден вчера во 16:15 часот од полициски службеници, а неговото исчезнување претходниот ден го пријавила неговата сопруга.

Во близина бил пронајден и неговиот автомобил „лада нива“, со скопски регистарски ознаки. Извршен бил увид на местото на настанот, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Мртов маж бил донесен во Здравствена установа во село Петровец

Починат српски државјанин пронајден во Демиркаписко, телото на обдукција

Скопјанец е пронајден мртов во својот дом на Бит Пазар

Млад струмичанец е најден мртов во својот дом

Горан Наумовски

Жител на Луково пронајден мртoв во близина на деловен објект во селото

Горан Наумовски

Во кумановско Табановце, пронајден мртов 20-годишен Сириец

Катерина Ѓуровски