Скопјанец пријавил дека насилно му ја зеле невестата од Албанија

Од:

27-годишна жена од Албанија која живеела во земјава насила била принудена да замине со нејзината мајка и уште три лица. Ваква пријава во полицијата поднел нејзиниот невенчан партнер кој навел дека жената била грабната од пред фабриката во тетовско каде што работеле двајцата.

– На 17.06.2023 во 01.45 часот во Полициска станица Тетово Ј.Р.(36) од Скопје пријавил дека на 16.06.2023 околу 21.45 часот на паркинг пред фабрика во тетовско каде работеле заедно со неговата невенчана сопруга К.Т.(27) од Р.Албанија со престој во Тетово, К.Т. од страна на нејзината мајка Б.Т. и три други лица со употреба на сила била принудена да замине со возило со нив, се наведува во информацијата од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар