Скопјанец повреден од залутан куршум

Од:

Едно лице било повредено синоќа од залутан куршум во десната рака во скопски Бутел, а куршум вчера бил испукан и во куќа во Драчево. Полицијата работи на расчистување на двата случаи.

Полицијата соопшти дека синоќа околу 19:30 часот лицето У.М. (1978), додека седел во својот двор во Бутел заедно со друго лице, се слушнале истрели од огнено оружје по што почуствувал болка во пределот на зглобот на десната рака. Лицето е пренесено во Градската болница „Наум Охридски“, каде што му е укажана лекарска помош.

Вчера на ул. „Јустинијан Први“ во населбата Драчево околу 16:00 часот во куќа сопственост на лицето Љ.Б од страна на непознат сторител бил испукан куршум од огнено оружје кој го пробил стаклото во една од собите и завршил во ѕидот. Нема повредени лица.

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба