Скопјанец поднесе пријава за повреда на избирачко право

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека граѓанин на општина Центар пријавил оти вчера за време на локалните избори член на избирачки одбор му ја зел личната карта и не му дозволил да гласа.

– На подрачјето на полициската станица Центар, лицето Д.С.(1967) поднел пријава против непознато лице член на избирачка комисија на гласачко место бр. 2867 во Скопје лоцирано во ОУ „Коле Неделковски“ поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „повреда на избирачко право“, се наведува во соопштението од МВР.

Д.С. пријавил дека вчера околу  17:30 часот со намера да го оствари своето гласачко право отишол на гласачкото место, но откако влегол на гласачкото место и ја дал личната карта на засега непознато службено лице кое што ги спроведувало изборите, настанала гужва на гласачкото место, по што при таа гужва службеното лице му ја одзело личната карта, ја ставило во џеб и му кажало дека не може да гласа, по што лицето ја напуштило просторијата и отишло во непознат правец.

Во соопштението се наведува дека од полициски службеници  се преземени мерки и дејствија и извршени се проверки кај полициските службеници кои што го обезбедувале процесот на гласање на гласачкото место 2867  и констатирано е дека полициските службеници кои што го обезбедувале избирачкиот процес, биле информирани за настанот на гласачкото место бр.2867, но од страна на претседателот на избирачкиот одбор, не е побарана полициска интервенција.

Д.С. настанот го пријавил и во Државната изборна комисија и Општинската изборна комисија „Центар“ каде поднел приговор за попречувањето на неговото избирачко право.

Од СВР Скопје во тек се проверки со цел расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември