Скопјанец пијан возел на патот Охрид-Кичево

Од:

Денеска околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го уапсија Б.К.(48) од Скопје, затоа што управувал возило „тојота” под дејство на алкохол.

„Имено, по претходно добиена пријава на телефонскиот број 112 дека едно возило се движи неконтролирано по патот, преземени се соодветни мерки од страна на полициските службеници и возилото е запрено, а со тоа спречена е евентуална сообраќајна незгода која би можела да има тешки последици.

Притоа, било утврдено дека возачот е во полусвесна состојба и веднаш со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево.
Откако му била пружена лекарска помош и неговата здравствена состојба значително била подобрена, извршено е алкотестирање, при што било утврдено дека имал 3,15 промили алкохол во крвта, при што лицето било лишено од слобода.

По целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик “безобѕирно управување со моторно возило”, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Во Кавадарци полицијата уапси пијан млад возач, МВР против него најави пријава

Уапсен е кавадарчанец – возеше со 1,98 промили алкохол во крвта

А1он

Ресенчанец возеше со 2,78 промили алкохол во крвта

А1он

33-годишен скопјанец речиси еден месец психички и физички ја малтретирал поранешната девојка

Пијан кавадарчанец престигнал седум возила што биле застанати на црвено

Горан Наумовски

„Камен“ пијан кавадарчанец возел „застава 101“ и учествувал во сообраќајка

Горан Наумовски