Скопјанец осомничен за поседување автоматска пушка и неколку пиштоли

Од:

Основнoто јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– При претрес во домот на осомничениот 41-годишен скопјанец, на 4 април, полициски службеници пронашле оружје кое на граѓаните им е забрането – една автоматска пушка, како и пет пиштоли и делови од оружје, извести Обвинителството.

„Бидејќи постојат околности кои укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, велат од Обвинителството.​

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај