Се бара притвор за скопјанец осомничен за два обиди за полов напад и силување

Од:

Скопското Основно јавното обвинителство бара притвор за 26-годишен скопјанец осомничен за два обиди за полов напад и силување.

– Основното јавно обвинителство – Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека се обидел да стори две кривични дела – едно кривично дело „полов напад„ и „силување“ од член 186 став 3 во врска со став 1 и со член 19 од Кривичниот законик и едно кривично дело кривично дело „полов напад“ и „силување“ од член 186 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик, известуваат од ЈО.

Во првиот случај, осомничениот на 26 февруари на пешачка патека на Водно, со умисла се обидел со примена на сила, спротивно на јасно изразената волја на една жртва, врз неа да изврши полов напад и силување.

– Додека оштетената пешачела и се искачувала на пешачката патека, 26-годишниот скопјанец со сила ја повлекол кон него и ја турнал на земја, па легнал врз неа со намера да ја принуди на сексуален однос. Жртвата давала активен и континуиран отпор. Во тој момент до местото на настанот се приближило непознато женско лице, по што пријавениот станал и веднаш побегнал од местото на настанот, информираат од ЈО.

Истиот осомничен, на 4 март, пред влез на зграда на улицата „Востаничка“ во Скопје, нападнал и се обидел да изврши полов напад врз уште една жена. Жртвата го турнала од себе осомничениот, силно вознемирена и исплашена почнала да вика по помош, па избегала кон својот дом, веднаш пријавувајќи го настанот во полиција.

– Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, а и особени околности кои укажуваат дека осомничениот ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците (жртви) на кривично дело и околности кои го оправдуваат стравот дека тој ќе го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, соопштуваат од ЈО.

Би можело да ве интересира

Притвор за 23 годишник – вршел полови дејствија врз малолетник во Желино

А1он

Маж издавал службена полициска тајна, за него нема мерка притвор

ОЈО бара мерки на претпазливост за осомничениот Перпарим Бајрами

ОЈО поднесе обвинение против в.д. директор на јавно претпријатие од Битола

Поднесено обвинение за убиството кај „Мавровка“

Побаран притвор за девет лица во предметот „Адитив“

Горан Наумовски