Скопјанец осомничен дека тешко ја повредил сопствената мајка при семејно насилство

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 31-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– На 21 јуни во вечерните часови, во семејниот дом на улицата „Дебарца“ во Скопје, осомничениот при вршење семејно насилство со умисла тешко телесно ја повредил својата 70-годишна мајка. Тој најпрвин започнал вербална расправија, а потоа физички ја нападнал, удирајќи ја со раце по лицето и телото. Продолжил да ја удира со столче, при што ѝ нанел тешки телесни повреди и ѝ ги скршил двете раце. Од страв да не биде повторно нападната, оштетената го напуштила домот и го пријавила настанот на 24 јуни, кога осомничениот повторно станал агресивен кон неа, соопшти Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител оцени дека постојат околности кои очигледно укажуваат на можност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, се наведува во соопштението на Обвинителството.​​

Би можело да ве интересира

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Фиктивни долгови, фалсификувани потписи и изнуда: Истрага против четири лица, нотар осомничен за несовесно работење

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за две лица вработени на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип

Горан Наумовски

Скопското ОЈО ќе бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Скопје

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ