Скопјанец ограбил бензиска пумпа и три обложувалници, а се обидел да ограби и казино

Од:

МВР информира дека е поднесена кривична пријава против 21-годишен скопјанец за разбојништво, откако ограбил бензиска пумпа и три обложувалници.

„СВР Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против А.Б. (21) од Скопје, регистриран сторител на кривични дела проследени со насилство, поради постоење основи на сомнение дека извршил четири кривични дела – “разбоjништво“, и едно кривично дело „разбојништво во обид“, при што се стекнал со вкупна противправна имотна корист во износ од 312.028 денари.

За сторените кривични дела предвидени и казниви по член 237 став 1 и 19 од КЗ, од страна на Судија на претходна постапка, изречена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Имено, првото кривично дело А.Б. го извршил на 05-ти минатиот месец околу 03,15 часот на ул.„Кемал Сејфула“ поточно на бензинската пумпа на „Макпетрол АД Скопје“, на тој начин што во моментот кога вработените пиеле кафе надвор од бензинската пумпа, тој со закана со пиштол побарал од нив да му ја дадат службената чанта со дневниот промет. Едниот од вработените му ја дал чантата, додека другиот вработен од џеб извадил пари и му ги дал на пријавениот по што А.Б. им побарал да му ги дадат парите и од касата како и две кутии цигари. Еден од вработениот влегол внатре во бензиската пумпа ги зел парите и цигарите и му ги дал, по што А.Б. заминал во непознат правец, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 50.000 денатри.

Другите три кривични дела разбојништво, А.Б. ги извршил на 13,14 и 18-ти минатиот месец во спортските обложувалници “Спорт Лајф“ лоцирани на ул.“Џон Кенеди“ и на бул.“Никола Карев“ како и во обложувалница “Златна Копачка“ лоцирана на ул.“Лазар Трповски“ каде во попладневните часови со закана со пиштол, на вработените на шалтер им подавал најлонско кесе во кое требало да ги стават парите, и откако ја земал кесата со парите заминувал во непознат правец, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 260.000 денари.

Петото кривично дело А.Б. го извршил на 19-ти изминатиот месец околу 04,10 часот, во казино „Дивиен“ Д.О.О-Винер, лоцирано на ул.„Ќемал Сејфула“. Имено, истиот влегол во казиното со намера да одземе парични средства и притоа од страна на обезбедувањето на објектот бил спречен во намерата, на тој начин што пред пријавениот да дојде до касата, вработен од обезбедувањето го фатил за десната рака во која го држел пиштолот, се борел со него, но откако А.Б. со левата рака извадил нож, вработениот бил принуден да го ослободи, по што пријавениот го напуштил местото на настанот.

Во насока на документирање на кривично правните настани, а врз основа на наредба од Основното јавно обвинителство во Скопје обезбеден е видео запис од местата на напад на кој се гледа дека сторител на кривичните дела е А.Б“ известија од МВР.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство