Скопјанец обвинет затоа што во домот држел муниција

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против 38-годишен скопјанец за сторено кривично дело – недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Како што соопшти Јавното обвинителство, на 23 август обвинетиот во својот дом во Сингелиќ, неовластено кај себе имал 73 куршуми, од кои 67 парчиња од кинеско и шест од албанско производство. Куршумите со калибар 7,62х39 биле наменети за испалување од различни видови репетирачки, полуавтоматски и автоматски огнени оружја.

Надлежниот јавен обвинител доставил и предлог за продолжување на определената мерка куќен притвор за обвинетото лице, бидејќи ценел дека и натаму постојат законските основи заради кои оваа мерка првично беше определена.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес