Скопјанец обвинет за тешки дела против општата сигурност и за поседување оружје и муниција

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривични дела – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1, како и – Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

– Обвинетиот на 4 јануари, пред куќа на улицата „Јабланица“ во Скопје, опожарил паркирано патничко возило Ауди. Притоа употребил запалива дериватна течност – бензин која ја активирал со запалка и предизвикал експлозија. Со пожарот кој се развил обвинетиот предизвикал значителна опасност за имотот од поголеми размери, бидејќи огнот се проширил и кон други автомобили паркирани во близина, зафаќајќи директно уште едно возило Форд мондео. Со дејствијата обвинетиот предизвикал материјална штета од 348.088 денари на сопственикот на целосно опожареното возило Ауди, како и 8.759 денари за сопственикот на делумно опожарениот автомобил Форд мондео, соопштија од ОЈО.

Од Обвинителство информираа дека при претрес во домот на обвинетиот на 5 февруари во село Варава било пронајдено огнено оружје – полуавтоматски пиштол марка „Црвена застава М57“ со калибар 7,62Х25 мм, два куршуми во рамка, како и уште 54 други куршуми од истиот калибар.

– Надлежниот јавен обвинител предложи на обвинетиот да му биде продолжена претходно определената мерка куќен притвор, додека на сила и натаму се и дополнителни мерки за претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за прибилижување или комуникација со оштетените, додадоа од ОЈО.

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај