Скопјанец нападнат во автобус на ЈСП

Од:

Дваесет и тригодишен скопјанец ноќеска бил нападнат од група непознати лица во автобус на ЈСП број 57.

Тој во 03:30 часот по полноќ го пријавил случајот во полициската станица Бит Пазар и според неговиот исказ нападот се случил 30 минути по полноќ додека автобусот се движел по улицата „Цветан Димов“.

Повредениот влегол во автобусот на автобуската постројка кај Градскиот трговски центар по што се упатил кон задниот дел и по кратко време забележал поголема група лица како се групираат по што почувствувал силен удар со тврд предмет во задниот дел од главата и паднал во бесознание. Потоа лицата продолжиле да го удираат со клоци и тупаници по главата и телото.

На повредениот му е укажана лекарска помош во Градската општа болница, каде му се констатирани телесни повреди. Тој е задржан на понатамошно лекување, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Автобусите на ЈСП денеска возат по неделен возен ред

Горан Наумовски

Тешко повреден маж од Скопје, паднал во автобус на ЈСП

ЈСП-Скопје тврди: Жичницата на Водно е безбедна, во моментот се врши сервис

Левица: 11 милиони денари наместо во ЈСП, ќе завршат во џебот на фирма блиска до Јанушев

А1он