Скопјанец нападнат и прободен од неколку маскирани лица во кафеана

Од:

Утрово, околу 6 часот, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски„ во Скопје, е пријавено дека било донесено повредено лице, кое потоа е пренесено на лекување во Ургентниот центар во Скопје.

Од досега преземените мерки од страна на СВР Скопје е констатирано дека станува збор за лицето З.К.(34) од Скопје, кое околу 5 часот додека седело со уште две други лица во угостителскиот објект „Деспина“, било физички нападнато од три до четири маскирани лица кои влегле во објектот, кои притоа со остар предмет му нанеле две убодни рани во пределот на стомакот.

Од страна на СВР-Скопје во тек се мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ