Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани

Од:

Скопјанец пријавил дека во менувачница во Старата скопска чаршија бил измамен од страна на двајца странски државјани за сума од 25.000 евра, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Синоќа во 19.15 часот во СВР – Скопје, Х.М., на возраст од 34 години од главниот град на државава, пријавил дека околу 15 часот во менувачница во Старата скопска чаршија бил измамен од двајца странски државјани.

Според пријавеното, откако се договориле во менувачницата да сменат пари за 25.000 евра, лицата дошле со чанта со договорената сума на пари во денари, при што еден од нив ја заменил чантата со денари со друга иста чанта, која во долниот дел била полна со хартиени ливчиња.

Како што пријавил Х.М., тој им ги дал еврата без да ја провери чантата, а откако заминале, сфатил дека е измамен, појаснуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Ограбена е менувачница во Чаир

Среде бел ден со пиштоли ограбена менувачница во Тафталиџе

Анита Петровска Рајковиќ

Катанец на 90 проценти од менувачниците, десетици илјади луѓе остануваат без работа