Скопјанец физички ги нападнал сопругата и двете ќерки

Од:

Како што соопштуваат од МВР, синоќа околу 22.00 часот во населба Кисела Вода, лицето М.М. извршило насилство врз неговата сопруга Т.Б.М. и нивните две ќерки.

М.М дошол во дворот со нивната тринаесетгодишна ќерка и почнал да ѝ се заканува. Ги турнал децата и физички ја нападнал Т.Б.М. , удирајќи ја по главата и лицето и ја влечел за косата. Истиот, со клоци ја удирал и постарата ќерка А. М. (18). Откако реагирал чичкото В.Б. (56) и му рекол да си оди, насилникот си заминал. Помалата ќерка ја известила мајка си дека пред да ја донесе, околу 20.00 часот во неговиот дом физички ја нападнал и ја повредил на надлактицата на десната рака. Од физичкиот напад Т.Б.М. се здобила со видливи повреди во пределот на лицето на десната страна во вид на гребаница. А.М. се здобила со модринки на двете надколеници, а помалата ќерка се здобила со видлива повреда на десната рака.

На сите им била укажана лекарска помош во ГОБ Св.Наум Охридски. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски