МВР извести дека во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат М.С.(50) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.