Ски-патеката на Водно не привлече ниту еден инвеститор

Од:

Крајниот рок за аплицирање на повикот за изградба на ски-патеки на Водно заврши вчера, а до Градот Скопје не стигнала ниту една понуда за партнер на проектот, објави „Алфа“.

– Во предвидениот период не пристигна ниту една понуда за ски-патека на Водно. Град Скопје дополнително ќе реши дали ќе ја повтори постапката – велат од Град Скопје.

Повикот на Градот за јавно- приватно партнерство за ски-патеки на Водно предвидуваше инвеститор на 25 години да го добие на стопанисување земјиштето околу врвот на скопската планина.

За возврат, обврските на приватниот партнер беа да го изгради комплексот со четири ски-патеки, три ски лифта, административен објект, ски-школа и други содржини, но и да префрла еден отсто од годишниот приход во градската каса.

Условите во тендерот беа пропишани по претходна студија за која Град Скопје плати 165.000 евра на австриски Суфаг Спорт во 2011-тата, јавува телевизијата.

Дискутабилно останува дали проектот е исплатлив поради климата и малите колични на снег на планината кои концесионерот ќе мора да ги надоместува со вештачки снег.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен