Скандал во Свети Николе: Партиски активисти откриени како внесуваат гласачки материјал и копии на гласачки кутии

Од:

Нешто пред 20 часот партиски активисти биле забележани како влегуваат во гимназијата Кочо Рацин во Свети Николе. Симпатизери на друга партија забележале дека има народ во просториите во гиманзијата предвидени да бидат избирачки места и случајот го пријавиле во полиција.

Во меѓувреме, според информации на А1он, дел од триесетината партиски активисти кои биле начекани во гиманзијата успеале да избегаат но дел од нив сеуште се внатре, опколени од симпатизери на спротивната партија кои не им дозволуваат да излезат се додека полицијата не изврши увид.

На обидот на полицијата со кордон да ги изнесе оние кои биле затечни внатре, реагиреле од спротивниот табор по што дошло до краток судир со полицијата.

Тензијата пораснала уштте повеќе кога директорот на гимназијата дошол пред насобраните и им наредил да си заминаат бидејќи внатре според него се одржувале родителски совети. Тензијата сеуште трае, а насобраниот народ пред гимназијата се повеќе се зголемува.

Во меѓувреме директорот на гимназијата, ги заклучил сите врати во училиштето и не им дозволува ниту на полициските сили да влезат внатре.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија