СКАНДАЛ ВО МНР: Дипломат диксриминиран оти е хомосексуалец

Од:

„Висок функционер од Министерството за надворешни работи поднел тужба за мобинг до Комисијата за заштита од дискриминација, оти во МНР не можел да напредува во кариерата“, објави „Вест“.

Се жалел дека е дискриминиран поради неговата сексуална ориентација. Весникот пишува дека и некој од неговите сопартијци од Обединети за Македонија, исто така од МНР, му се заканувале дека ќе го убијат оти е хомосексуалец.

Случајот за „Вест“ го потврдуваат од Комисијата за заштита од дискриминација. Велат дека дипломатот тужи, бидејќи не бил избран за конзул поради сексуалната ориентација.

Но од МНР, сепак велат дека покрај него имало уште 6-7 други кандидати на конкурсот но никој не ги исполнил условите и конкурсот бил поништен.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија