Скандал во Чегране: полицајци манипулирале со документација

Од:

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – специјализирано одделение, против командирот на Полициското одделение Чегране, Б.И., како и против полициските службеници К.Б., Т.Е., В.Т. и Б.Е., сите од СВР Тетово.

Тие се осомничени за сторено кривично дело „попречување на правдата“ по член 368 став 8 од Кривичниот законик.

Според пријавата, осомничените во текот на 2025 година, постапувајќи по поплака за бесправно градење, во повеќе наврати изменувале и изготвувале дополнителен службен материјал со кој ја менувале фактичката состојба. Со тоа, како што се наведува, го спречиле и отежнале докажувањето на бесправното градење во постапка што се води пред надлежен суд или друг орган.

Воедно, полициските службеници ја преквалификувале поднесената поплака за бесправно градење во прекршок за лажно пријавување, при што без утврдување на фактичката состојба изготвиле записник и барање за поведување прекршочна постапка против подносителот на поплаката.

Од МВР информираат дека по добиена согласност од Обвинителството, против осомничените ќе биде поднесен и предлог за поведување дисциплинска постапка, како и изречени задолжителни мерки – одземање на службеното оружје и муниција и упатување на задолжителен психолошки и психијатриски преглед.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес