Сите закани за бомби се лажни, МВР ги заврши проверките

Од:

Сите дојави за бомби кои беа испратени денеска се лажни информира Министерството за внатрешни работи. Закани за наводно поставени помби денекса беа испратени до бројни институции меѓу ко ии претседателската вила водно. дојави имаше за Музеј на град Скопје, Природонаучен музеј, Археолошки музеј, Музеј на ММБ Спомен куќа на Мајка Тереза, ГТЦ, Ист гејт мол, ТЦ Бисер, Флатајрон, Џевахир, Управен суд, Куќа на претседателот-Вила Водно, хотел „Мериот“, хотел „Александар Палас“, СЦ „Борис Трајковски“, Железничка станица – Скопје, ФФМ и 11 скопски училишта.

– Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за наводно поставена експлозивна направа во институции, училишта, хотели и згради во Скопје и едно училиште во Прилеп, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави се наведува во соопштението од МВР.

По неколку дена закани за училишта во скопје и Прилеп денеска првпат имаше закани и за бројни институции и други објекти. Заканта покрај до МВР била испратена и на електронскитеп ошти на неколку медиуми.

Би можело да ве интересира

Дојави за поставени бомби ги испразни судовите во Подгорица

МВР: Лажни се дојавите за поставени бомби во објекти во Охрид и Кратово

Лажни дојави за бомби во фабрика и основно училиште во Охрид

МВР: Лажни се денешните дојави за бомби во Кочани

Горан Наумовски

Серија од анонимни закани за поставени бомби во Србија

Црна Гора: Проверени 165 локации, пријавите за бомби се лажни

Горан Наумовски