Сите пријавени македонски граѓани се евакуирани од Авганистан

Од:

Сите граѓани кои беа пријавени за евакуација од Авганистан веќе го имаат напуштено Кабул и во моментов се наоѓаат во Велика Британија, Катар и Осло, од каде во наредните денови ќе бидат транспортирани кон Скопје, информираат од Министерството за надворешни работи.

„Најголемиот дел, преку 30 наши граѓани се наоѓаат во Свинленд, Велика Британија; над 20 граѓани се наоѓаат во Доха, Катар, од каде во наредните денови ќе бидат транспортирани кон европските центри, а потоа кон Скопје; последните наши граѓани кои беа предвидени за евакуирање, а се наоѓаа во НАТО базата во Кабул, вчера исто така го напуштија Авганистан и се наоѓаат во Осло, Норвешка.

Во НАТО базата во Кабул се останати само оние кои сѐ уште ги обавуваат своите обврски, и чија евакуација ќе се одвива согласно распоредот за повлекување од самата база“, соооштува МНР.

Со тоа, сите граѓани кои беа планирани за евакуација се евакуирани и во моментов немаме информација за наш државјанин кој е во загрозувачка ситуација или кому му е потребна асистенција за евакуација, додаваат од МНР.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија