Сите повредени во сообраќајката кај Кичево во болницата „Свети Еразмо“ надвор од животна опасност

Од:

Сите повредени работници што настрадаа во сообраќајната несреќа кај Кичево, а беа префрлени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ кај Охрид, се надвор од животна опасност, потврди д-р Драган Спасески, кој појасни дека станува збор за седум пациенти згрижени во установата после тешката сообраќајна несреќа што утрово се случи на регионалниот пат Кичево – Осломеј.

–  Утрото беа примени и згрижени седум пациенти од кои двајца со потешки телесни повредни, со скршеници. Другите лица се под опсервација што значи дека во текот на денот целосно ќе бидат дијагностицирани. Инаку, сите се надвор од животна опасност, изјави Спасески.

Инаку, едно од лицата пренесени во „Свети Еразмо“ имало лесна повреда, така што после прегледот и терапијата е испратено на домашна нега.

Осумнаесет работници на РЕК „Осломеј“ беа повредени, од кои деветмина потешко, во сообраќајна несреќа што утрово во 6.45 часот се случи кај кичевското село Мамудовци, на региналниот пат што од Кичево води кон Осломеј.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он